23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Alaskan: Уште еден „пик-ап“ пристигнува во Европа (фото+видео)

Renault Alaskan: Уште еден „пик-ап“ пристигнува во Европа (фото+видео)

По Јужна Америка, „Renault Alaskan“ ќе може да се вози и на Стариот континент, но само во дизел верзија.

Една година по светската премиера, „Renault Alaskan“ доаѓа и во Европа. Овој близок роднина на „Nissan NP300 Navarа“ на европскиот пазар ќе биде достапен со 2.3 литарски „dCi“ дизел мотор.

Купувачите ќе можат да бираат меѓу модели чиј мотор има еден турбо полнач и развива 160кс, и „twin-turbo“ агрегат со 190 коњски сили. За преносот на моќта ќе се користат шестстепен мануелен или седумстепен автоматски менувач.

„Renault Alaskan“ се произведуа во фабриката на „Nissan“ во Барселона, а во почетокот на европскиот пазар ќе биде достапен само во „double-cab“ верија со 2 реда седишта и „4×4“ погон. Понудата подоцна ќе биде проширена во зависност од побарувачката во секоја земја.

„Renault“ на купувачите ќе им понуди гаранција во траење од 3 години или 100.000 минати километри, додека за клиентите во Франција гаранцијата ќе важи 2 години, но со неограничена километража.

Опремата на моделот „Alaskan“, меѓу останатото, опфаќа и седуминчен екран на мултимедијалниот систем чувствителен на допир, камера која ја снима околината на возилото од 360 степени и бесконтактно отклучување и стартување на возилото.

„Пик-апот“ има и диференцијал со ограничено пролизгување, потоа помош при тргнување на нагорнина (Hill Start Assist), систем за контрола при спуштање низ стрмен терен (Hill Descent Control) и три модули за возење (2WD, 4WD i 4WD за бавно возење според барањата на теренот).

Просечната, фабрички декларирана потрошувачка изнесува 6,3 l/100 km, a францускиот производител вели дека е оптимист во поглед на продажбата на моделот „Alaskan“ во Европа, со оглед дека во 2016-та на европскиот пазар е забележан раст во продажбата на „пик-ап“ возила од оваа класа од 25%, додека во првата половина од 2017-та, растот изнесува 19%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП