4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИ Банка со добивка од над 2 милиони евра за првото полугодие

УНИ Банка со добивка од над 2 милиони евра за првото полугодие

УНИ Банка во првите шест месеци од 2017 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 124,6 милиони денари, што се должи пред се на оптимизирањето на нето каматниот приход.

Кредитното портфолио во наведениот период се зголеми за 12,4% и достигна ниво од 10,4 милијарди денари.

Депозитната база во истиот период се зголеми за 10,8% и достигна ниво од 12,0 милијарди денари.

Од аспект на ризици, Банката одржува ниско ниво на кредитен ризик.

Во првите шест месеци од 2017 година,  Банката ја зацврсти својата позиција во банкарскиот систем.

Перформансите на Банката во погоре наведениот период се во согласност со Бизнис планот за 2017 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП