2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFitbit се подготвува да земе од уделот на Apple

Fitbit се подготвува да земе од уделот на Apple

„Fitbit“ го лансираше својот нов уред – паметниот часовник „Ionic“ со карактеристики кои се движат од физичко следење на физичките показатели на телото до бесконтактни плаќања. Сето ова се случува додека компанијата продолжува да се бори со конкуренцијата на „Apple“, објави „Ројтерс“.

Некогаш лидер на пазарот на носиви уреди „Fitbit“ неодамна не успева да се натпреварува доволно добро, а претходно ја обвини промената на потрошувачките ставови за падот на своите приходи.

Новите паметни часовници на компанијата ќе имаат „ГПС“, ќе го измерат пулсот и ќе бидат водоотпорни на длабочина од 50 метри. Тој, исто така ќе вклучува „FitbitPay“, музика, неколку часовници и батерија која трае повеќе од четири дена, се вели во соопштението на компанијата.

„Во наредните месеци ќе имате можност да додадете картички на „American Express“, како и кредитни и дебитни картички на „Mastercard“ и „Visa“ од топ банките“, откри компанијата.

Во исто време, часовникот има нова сензорна технологија за откривање на нивото на кислород во крвта. Цената на уредот е 299,95 долари, што е над почетната цена на „Apple Watch“ – 265 долари.

„„Fitbit“ може да одземен од пазарниот удел од „Apple“, така што ќе ги привлече оние кои повеќе се фокусирани на салата, иако не очекуваме тоа да биде значителен удел од вкупната продажба на паметните часовници на „Apple““, коментира аналитичарот на „Wedbush Securities“, Алиша Рис.

„Ionic“ ќе биде достапен за пред-продажба од понеделник на веб-страницата на „Fitbit“ и на некои продавачи во вторник, објави компанијата.

Како резултат на вестите, акциите на „Fitbit“ се зголемија за 5,9 отсто на 6,07 долари на њујоршката берза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП