21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗNissan уште еднаш го освежи 370Z (фото)

Nissan уште еднаш го освежи 370Z (фото)

Спортскиот модел на „Nissan“ е во продажба уште од 2009-та година и натаму продолжува го привлекува вниманието на купувачите.

Актуелниот „370Z“ спаѓа во најстарите спортски автомобили на пазарот бидејќи влезе во деветатата година на производство.

Сепак, „Nissan“ верува дека се уште не е време за нова генерација и дека со мало подобрување на автомобилот може да се продава и во наредните неколку години.

Кога станува збор за надворешноста, „370Z“ зa 2018-та ќе има како стандард тонирани предни и задни светлосни групи, што претходно беше достапна само за верзијата „Nismo“.

Покрај тоа, автомобилот се испорачува со црни кваки на вратите, црн долен дел на задниот браник и нови 19 инчни алуминиумски бандажи.

На располагање е и нова нијанса на металик црвена боја (прикажана на компјутерските фотографии).

„Nissan 370Z“ зa 2018-та го задржа постоечкиот 3.7-литарски V6 кој испорачува 328 ks.

Моќта на задните тркала се пренесува преку шестбрзински мануелен или седумстепен автоматски менувач, а од фабриката велат дека го подобриле квачилото, па сега промената на брзината е попрецизна и покомфорна за возачот.

Во кабаината како нова опција е достапен „NissanConnect Premium“ мултимедијалниот систем со седуминчен дисплеј, сателитска навигација, DVD плеер и задна камера.

Сите наброени новитети се однесуваат исклучиво за „Coupe“ верзијата, додека „370Z Roadster“ и „370Z Nismo“ и во 2018-та ќе се продаваат без подобрувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП