22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработените во медиумите со плати далеку под просекот

Вработените во медиумите со плати далеку под просекот

Речиси 45 проценти од македонските новинари примаат плата пониска од државниот просек кој изнесува 22.808 денари. Ова го покажува новата анкета на Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ), спроведена во јули и во август годинава користејќи го интернет сервисот Survey Monkey.

ССНМ консултираше 127 медиумски работници, од кои околу 80 отсто работат како новинари, а останатите се уредници, фоторепортери, сниматели или други технички лица коишто се ангажирани во медиумите.

Кога процентите ќе се претворат во бројки излегува дека точно 57 медиумски работници од вкупно 127 коишто ја пополниле анкетата на ССНМ земаат плата помала од 22.000 денари.

Иако 45 проценти се под просекот, други 40 отсто од анкетираните новинари и медиумски работници, или вкупно 51 од испитаниците, имаат плата чиј износ се движи меѓу просечната и 30.000 денари.

Ако се соберат овие два проценти излегува дека 85 отсто од луѓето во медиумскиот бизнис во Македонија со својата плата не ја пробиваат границата од 500 евра, односно само нивните примања не се доволни да се покрие потрошувачката кошница на едно четиричлено семејство, кое изнесува околу 32.000 денари и која ги покрива минималните потреби на една фамилија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП