17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin се повеќе се залага на електричната енергија

Aston Martin се повеќе се залага на електричната енергија

Британскиот производител „Aston Martin“ постепено ќе се префрли на електрификација на целата гама на автомобили. Првиот чекор ќе биде направен во 2019-та година кога ќе се појави првиот целосно електричен модел на брендот – „RapidE“, објави Financial Times, повикувајќи се на Енди Палмер, шефот на компанијата.

Пред објавувањето, менаџерот откри дека од 2020-та година, „Aston Martin“ ќе понуди секоја година модел со хибридна погонска единица. Меѓутоа, тоа не значи дека Британците ќе ги напуштат стандардните мотори со внатрешно согорување.

До неодамна, „Aston Martin“ планираше да купи хибридни мотори од компанијата „Daimler“, но сега ја променија таа одлука и ќе развијат свои сопствени агрегати. Оваа изјава покренува гласини дека компанијата има намера да создаде свој тим од Формула 1 кој ќе помогне во развојот на овие технологии.

Оваа регулација на најпопуларниот спортски автомобил овозможува користење на мали хибридни мотори со моќност над 850 КС. Во моментов, „Aston Martin“ активно соработува со „Williams“, кој има тим во светското првенство.

„Верувам дека класичниот мотор со внатрешно согорување кој доминира во класичниот спортски сегмент наскоро ќе биде завршен. Значи електричната технологија ќе стане се поважна и нашата компанија активно ќе ги насочува кон неа“, рече Палмер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП