26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia објави каков ќе биде следниот Cee'd

Kia објави каков ќе биде следниот Cee’d

„Kia“ ја објави првата скица на концептниот модел, чија светска премиера ќе се одржи за време на саемот за автомобили во Франкфурт во следниот месец. Автомобилот треба да покаже како ќе изгледа следната генерација на семејството „Сee’d“.

Прототипот беше развиен во корејскиот дизајн центар на корејскиот производител. Машината е со 5 врати и доби нова линија на покривот, барем како што тврди „Kia“. Со креирањето на концептуалниот модел, дизајнерите на брендот требаше да го спојат „спортскиот изглед на хечбекот „Рro_cee’d“ и универзалните квалитети на стандардниот модел“.

Други детали за возилото недостасуваат. Моделот „Сee’d“ е произведен од 2006-та година, а во 2012-та година ги менува своите генерации. Достапни се верзии со 3-врати и 5-врати, како и „надуена“ модификација „GT“, која има мотор од 204 КС.

Најновиот модел на Корејците е компактен „Stonic“ кросовер, кој се напојува само од предните тркала. Автомобилот доаѓа со 3-цилиндричен бензински турбо мотор со 120 КС, како и со 1,25 и 1,4 литарски атмосферски агрегати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП