18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на производството – дали индустријата влегува во надолна спирала?

Пад на производството – дали индустријата влегува во надолна спирала?

Пад на индустриското производство. Во јули годинава во однос на истиот месец лани е намалено за 2.2%.

Минусот е најдрастичен е во категоријата трајни производи за широка потрошувачка (-14.2%), потоа интермедијарни производи (-5.6%), капитални производи (-2.5%).

Во плус биле единствено категориите нетрајни производи за широка потрошувачка (+1.4%) и енергија (+0.6%).

Сепак, ако се споредат првите седум месеци од годинава со истиот период лани Државниот завод за статистика измерил вкупен раст на индустриското производство од 0.7%.

Долгорочните трендови на секторот покажуваат до некаде контрадикторни тенденции – во периодот од почетокот на 2013-та до крајот на 2015-та опаднал бројот на активни компании, се намалила потрошувачката на енергија, а се зголемил бројот на вработени како и обемот на производство.

Според последната публикација на ДЗС во 2013-та во секторот имало вкупно 8.214 деловни субјекти, во 2014-та 8.006, а во 2015-та 7.972.

Кај рударството и вадењето камен има годишни флуктуации – од 164 компании пред три години, на 180 пред две, па на 173 пред една година.

Кај снабдувањето со електрична енергија и гас бројот на фирми има континуиран раст – 132 пред три години, 152 пред две, 160 пред една година.

Од друга страна преработувачката индустрија е со се помал број на деловни субјекти – 7.918 пред три години, 7.675 пред две, 7.639 пред една година.

Најмногу компании загаснале во потсекторите: производство на облека (намалување на нивниот број за 109 за три години), производство на кожа (намалување на нивниот број за 44 за три години), печатарство (намалување на нивниот број за 37 за три години), производство на електрична опрема (намалување на нивниот број за 24 за три години).

Во истиот период во потсекторите производство на храна, на неметални производи и останата производствена индустрија има зголемување за по десетина деловни субјекти.

Анализите на статистичарите покажуваат и дека од година во година индустријата користи се помалку енергија. Во 2012-та вкупната финална потрошувачка била 580.214.000 toe, а во 2014-та 515.193.000 toe.

Потрошувачката на електрична енергија е речиси непроменета, на јаглен и на нафта постојано опаѓа, а на природен гас и на биомаса има благ пораст.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП