6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche го претстави новиот Cayenne (фото+видео)

Porsche го претстави новиот Cayenne (фото+видео)

Третата генерација на еден од најуспешните модели во историјата на „Porsche“ – „Cayenne“, беше официјално претставена на специјален настан во Штутгарт. Автомобилот е направен во стилот на новата „Porsche Panamera“, но ги задржува пропорциите на својот претходник.

На почетокот на продажбата, новиот „Cayenne“ ќе биде достапен со избор на два нови 6-цилиндрични мотори. Првиот е 3.0-литарски турбо мотор кој развива 340 КС. (40 КС повеќе од својот претходник), а вториот – 2.9 литарски (верзијата „Cayenne S“) со 440 КС. Тоа е 20 КС од аналогната модификација во претходната генерација.

Растојанието помеѓу двете оски не е променето во споредба со претходната генерација – 2895 mm, но автомобилот е 63 mm подолг – 4918 mm, 44 mm поширок – 1983 mm и 9 mm понизок – 1696 mm. Волуменот на багажникот е исто така зголемен за 100 литри и сега достигнува 700 литри.

За прв пат во историјата, „Porsche Cayenne“ е опремен со систем за управување со задните тркала – како што се „911“ и „Panamera“. Тоа го подобрува маневрирањето во свиоци и еластичноста при голема брзина.

Основната опрема на моделот е многу побогата од порано. Дури и најприфатливите верзии на „Cayenne“ располагаат со „LED“ фарови, активен погон на четири тркала, систем за предна и задна помош за паркирање, телефонски модул со „Wi-Fi“ и друга опрема.

„SUV“ моделот ќе биде достапен со 3 главни фарови. Во основната верзија ќе има „LED“ светла и системот за динамично осветлување кој ќе биде достапен со доплата, а кој вклучува автоматско управување и автоматско префрлување од кратоко на долго, за да не го заслепува возачот на следниот автомобил. Најскапата опција ќе понуди матрични предни светла со 84 елементи, овозможувајќи менување на интензитетот на светлината и расфрлање на светлината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП