19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle успеа да го исполни крајниот рок на ЕК

Google успеа да го исполни крајниот рок на ЕК

Американскиот интернет гигант „Google“ поднесе повеќе информации за тоа како планира да престане да ја фаворизира својата услуга за шопинг, за да се усогласи со барањата на Европската унија (ЕУ), објавија регулаторите, цитирани од „Ројтерс“.

Најпопуларниот интернет пребарувач во светот, кој е една од единиците на „Alphabet“, објави дека ќе го исполни рокот кој ЕУ и беше дал за одговор на обвинувањата.

Потсетуваме дека на компанијата во јуни и беше наметната рекордна парична казна од 2,4 милијарди евра (2,9 милијарди долари) од европските власти во врска со оваа практика. Крајниот рок технолошкиот гигант да излезе со предлог со цел да се стави крај на антиконкурентското однесување истече вчера (29-ти август).

На 27-ми јуни Европската комисија (ЕК) соопшти дека „Google“ има корист од доминантната позиција во Европа, за да ги позиционира приоритетно сопствените услуги во пребарувачот, оставајќи ги во заден план оние на конкурентите.

Освен излегувањето со предлог ЕК посака американскиот гигант да престане со практиката до 28-ми септември.

Доколку не успееше во овој потфат, „Google“ ќе беше изложена на нови кривични исплати во висина до 5% од просечните дневни приходи на „Alphabet“ или околу 12 милиони долари на ден.

„„Google“ ќе продолжи да биде обврзана да ја одржи комисијата информирана за своите активности, така што ќе дава периодични извештаи“, коментира портпаролот на европските власти, откако потврди дека документите на компанијата се добиени.

Лобистичка група „ICOMP“, меѓу чии членови се редат конкурентите во картографски услуги на „Google“ – „Hot Map“ и „Streetmap“, како и „CEPIC“ и „TradeComet“, која поседува сопствен конкурентен пребарувач, тврдат дека регулаторите треба да го објават предлогот на „Google“.

„Тоа влијае е на секој во интернет и мобилниот светот, па мора да биде обезбеден за јавна оценка“, посочува шефот на „ICOMP“, Мајкл Вебер.

Истовремено „Google“ е под истрага од ЕУ во врска со нејзините практики со мобилниот оперативен систем „Android“, за што исто така може да добие казна до крајот на годината, како и за прашања поврзани со рекламирањето во нејзиниот пребарувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП