12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка а.д. Битола со значително подобрување во однос на минатогодишниот шестмесечен...

Стопанска банка а.д. Битола со значително подобрување во однос на минатогодишниот шестмесечен резултат

Во периодот 1.1. – 30.6.2017 година, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат, односно бруто-добивка во износ од 32,15 милиони денари што е значително подобрување во однос на минатогодишниот шестмесечен резултат. Тековното остварување е резултат на напорите за наплата на отпишаните побарувања евидентирани вонбилансно, издвоените помали загуби за оштетување на финансиските и нефинансиските средства, како и повисоките приходи од тековно работење.

Нето-приходите од камати се повисоки за 1,76% во однос на остварувањето од минатата година. На страната на приходите од камати е остварен годишен раст од 7,57%. Овој раст главно е генериран од зголемено кредитирање на секторот домаќинство, а во согласност со напорите за дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. И покрај повеќекратните намалувања на пасивните каматни стапки паралелно со пазарните движења, расходите за камати бележат годишен раст од 20,57%, што генерално се должи на зголемена депозитна база како резултат на довербата на клиентите во Банката.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 5,29% во однос на остварените во периодот 1.1 – 30.6.2016 година. Одразувајќи го зголемениот обем на кредитни работи, работи во платниот промет, работи со платежни картички и останати активности за чија реализација е определен надоместок, приходите од провизии се повисоки за 12,23% на годишна основа, додека расходите за провизии бележат раст од 30,11%. Порастот на расходите за провизии и надоместоци главно е генериран од воведувањето нов производ – Master Card, чии ефекти во идниот период ќе се рефлектираат на приходната страна.

Нето-курсните разлики се пониски за 1,82 милиони денари споредено со минатогодишното остварување.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 27,21% на годишна основа, што главно се должи на вонредни приходи од продажба на нетековни средства наменети за продажба и наплатени отпишани побарувања од вонбилансна евиденција.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е пониска во однос на претходната година за 48,73%, што упатува на подобрен квалитет на кредитното портфолио.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, е во позитивна зона, што е одраз на доброто управување со преземениот имот и негова продажба во согласност со поставените плански цели.

Трошоците за вработените се пониски за 4,81% во однос на периодот 1.1 – 30.6.2016 година. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 5,63%, што главно е резултат на повисоки трошоци за одржување и унапредување на системите за работа и опремата. Амортизацијата е зголемена за 3,62% на годишна основа.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП