Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,301.16 -0.35%    FERS 59,500.00 8.06%    GRNT 975.00 -1.57%    KMB 5,882.48 -0.26%    MPT 67,967.90 -0.05%    RZEK 68.00 41.67%    SBT 2,765.00 -2.98%    STB 1,183.55 2.97%    STIL 66.00 9.2%    TNB 16,102.00 -1.21%    TTK 1,250.00 2.46%    UNI 2,075.64 -0.22%    

Повеќе од третина од парите одат за храна – како изгледа македонската трпеза?

Време: 14:36

Датум: август 29, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Цените релативно стабилни, а трошоците благо зголемени – ова го покажува споредбената анализа на податоците од Државниот завод за статистика во однос на потрошувачката на храна. Анализите на Евростат и други меѓународни институции, пак, покажуваат дека Македонија е меѓу земјите со најевтина храна.

Храната поскапа за 0.9% за една година

Во јули годинава во однос на истиот месец лани цените на храната биле поголеми за 0.9%. Ова пред сè се должи на поскапените кафе, чај и какао за 6.8%; како и на поскапите овошје и зеленчук за 3.9 односно 3.8%. Поевтини биле маслото, месото и млекото за по околу 1%.

Цените на храната се стабилни последниве две години, речиси и нема промена. Сепак, податоците покажуваат дека сè поголем дел од домашниот буџет оди токму за оваа намена. Во 2014-та 37.2% од приходите на домаќинствата биле потрошени за исхрана, во 2015-та 38.5%, а во 2016-та 40.7%. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) две третини од парите се трошат за задоволување на основните потреби – храна, домување, покуќнина и облека.

Скромна трпеза – многу леб, малку месо

И со овие пари просечната трпеза изгледа  скромно – многу леб и компир, малку месо и риба.

Македонецот во просек секој ден јаде по околу 200 грама леб, 95 житарки, 20 грама тестенини, 20 грама ориз. Од зеленчукот најмногу се консумира компир, по околу 80 грама, грав 15, кромид и лук околу 30, исто толку и зелка. Домати во просек се јадат по 40 грама на ден, а пиперки по околу 60. Од овошјето најмногу се троши јужното, по околу 40 грама, потоа лубеници и дињи 30 грама, по исто толку јаболка и грозје 29 грама, кајсии и праски едвај надминуваат 10  грама просечна дневна потрошувачка по човек.

Од месото најконсумирано е пилешкото и мисиркиното, по 30-на грама просечна дневна потрошувачка, потоа јунешко и телешко по околу 20 грама, речиси исто толку и свинско, а двојно помалку риба. Месни преработки односно салами, паштети и колбаси се јадат во просек по речиси 30 грама на ден.

Од млечните производи просечната потрошувачка е по 100 милилитри млеко, 60 грама кисело млеко и јогурт и двојно помалку сирење.

Во просек Македонецот јаде и по 1 јајце секој втор ден.

Статистичарите пресметале дека се консумираат и по речиси 40 грама  шеќер, околу 8 грама кафе и какао и нешто под 20 грама чоколади и кекси.

Потрошувачката на алкохол на годишно ниво е 1.7 литри вино, 10 литри пиво и 0.7 литри жестоки пијалаци за секој Македонец.

Според ДЗС Македонецот во просек во 2016-та пушел по 2.25 цигари на ден, во 2015-та 2.33, во 2014-та по 1.96, а во 2013-та по 1.78 цигари на ден.

Податоците се од најновата публикација на Државниот завод за статистика (ДЗС) „Потрошувачката за домаќинствата во 2016-та“.

Македонија меѓу најевтините земји во светот?!

Податоците на Евростат, пак, покажуваат дека најскапа храна во Европа има во Швајцарија, а најевтина во Македонија. Сепак, ако се направи споредба меѓу цените и приходите нашата земја се спушта на дното од табелата.

И други анализи ја сместуваат Македонија меѓу најевтините во светот.

Анализата на американскиот магазин Time која прави споредба меѓу просечните цени и куповната моќ на населението ја сместува Македонија меѓу најевтините десет во светот!

Time ги споредува државите со трошоците во Њујорк, па така во Македонија куповната моќ е за 49% пониска, а од друга страна кириите се помали за дури 94%, продуктите за 73% а локалните добра и услуги за 69%.

Според оваа анализа десетте најевтини држави се Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија. Од регионот зад нас е Босна на 11-то место, па Србија на 18-то и Црна Гора на 26-то.

И истражувањето кое неодамна го објави GoBankingRates ја сместува Македонија меѓу најевтините земји. Според нивната анализа топ 10 најевтини се Македонија, Чешка, Парагвај, Оман, Замбија, Казахстан, Саудиска Арабија, Индија и Јужна Африка.

Од 20. до 11 место се наоѓаат во главно држави од нашето соседство: Бугарија, Грција, Србија, Малезија, Чиле, Молдавија, Пакистан, Колумбија, Полска и Босна и Херцеговина.

Критериумите кои ги земале во предвид се просечната плата, трошоците за сместување, цена на производи, ресторани и превоз.

К. Н.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нови 35 случаи на Ковид-19, пет починати и 19 оздравени

    Нови 35 случаи на Ковид-19, пет починати и 19 оздравени

    Министерството за здравство информира дека во текот на денот Институтот за јавно здравје регистрирал 39 нови лица позитивни на коронавирусот и 19 оздравени пациенти. Во…

  • Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

    Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

    Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658 се излекувани. Најмногу заразени има…

  • Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

    Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

    Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините, соопшти Фејсбук, пренесува „Ен-Би-Си-Њуз“. Издавачот…

  • Цените на нафтата во пад

    Цените на нафтата во пад

    Цените на нафтата на светските пазари паднаа во петокот поради страв од влошување на американско-кинеските односи. Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ беше пониска…

  • Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

    Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

    Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност. Советот се очекува да одлучи…

  • Граѓаните уште утре имаат рок да ги потврдат или коригираат даночните пријави

    Граѓаните уште утре имаат рок да ги потврдат или коригираат даночните пријави

    Утре истекува рокот во кој граѓаните можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат до утре, од…

  • До крајот на годинава сиромаштијата ќе се зголеми во Македонија, а ќе се намали средната класа!

    До крајот на годинава сиромаштијата ќе се зголеми во Македонија, а ќе се намали средната класа!

    До крајот на 2020-та година сиромаштијата ќе се продлабочува во Македонија. Најновиот извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан покажува дека во сите…

  • Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

    Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

    Шест лица од вчерашните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството за здравство.  Нови случаи од…

  • Усвоени протоколите за запишување во училиштата, за полагање на испити на факултетите и работа на градинките

    Усвоени протоколите за запишување во училиштата, за полагање на испити на факултетите и работа на градинките

    Владата ги усвои Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта, Протоколот за постапување на средните училишта за…

  • Починатиот црнец и полицаецот уапсен поради неговото убиство работеле во ист ноќен клуб

    Починатиот црнец и полицаецот уапсен поради неговото убиство работеле во ист ноќен клуб

    Џорџ Флојд, Афроамериканецот чија смрт во поднеделникот предизвика насилни протести низ САД, и Дерек Чавин, полицаецот уапсен за неговото убиство, работеле во ист ноќен клуб…