27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Поголем економски раст до година

Тевдовски: Поголем економски раст до година

Во Министерството за финансии веќе го подготвуваат буџетот за 2018 година. Според министерот Драган Тевдовски наредната година се очекува повисок економски раст од годинава.

“Веќе работиме на подготовка на буџетот за 2018 година. Ги очекуваме буџетските циркулари на сите буџетски корисници, а потоа ќе влеземе во серија состаноци на кои ќе ги гледаме нивните потреби и нивните гледања. Во моментот работиме и на прецизирање на макроекономските проекции. Многу е важно што во 2018 година може да се очекува значајно повисок економски раст од годинава, а во поглед на буџетскиот дефицит нашата намера е државата да троши со цел економијата да излезе од онаа ниска економска активност”, изјави министерот.

Според него, и в година ќе се кратат непродуктивните трошоци, со цел, како што вели, да им се даде шанса на оние продуктивни активности што ќе имаат мултипликативен ефект и ќе ја движат економијата.

Тевдовски смета дека проектираниот раст за годинава е реално остварлив, на што укажуваат податоците од индустриското производство, кое има раст во мај и јуни, и повисоките стапки на кредитирањето и штедењето.

“Кондицијата на буџетот се подобрува. Бруто-приходите од ДДВ, тоа што најмногу го полни, се зголемија во јули. Буџетот навреме си ги сервисира обврските кон граѓаните и фирмите. Многу е важно што ние неселективно и колку е можно побргу го враќаме повратот на ДДВ кон фирмите. Вратени се 3,9 милијарди денари во јуни и јули годинава, а минатата година во истиот период 2,2 милијарди денари. Тоа значи дека се враќа многу поголема ликвидност кај фирмите за тие потоа да ја придвижат економијата”, истакнува министерот за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП