8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот на криптовалути достигна историски максимум

Пазарот на криптовалути достигна историски максимум

Инвестициите во криптовалутите продолжуваат да растат.

Вкупната пазарна вредност на повеќе од 800 виртуелни валути во светот со кои се тргува  ја помина границата од 160 милијарди долари за прв пат во историјата, според „CoinMarketCap“.

Така, од почетокот на минатата година, вкупната капитализација на криптопазарот скокна на монструозните 1500% – од 10 милијарди долари до сегашната вредност.

Вкупната капитализација продолжува да расте дури и без нов раст на цената на биткоинот, чија вкупна вредност е околу половина од вредноста на целиот пазар.

Во моментов биткоинот се продава за сума од 4.413,19 долари, што е над 100 долари пониско од највисоката цена досега – 4.522,13 долари, според „CoinDesk“.

За новиот историски максимум на пазарот придонесува зголемувањето на цената кај некои од другите популарни криптовалути. Етер на Етериум забележа раст од околу 5% во текот на последните 24 часа, XRP на „Ripple“ бележи раст од 10% за истиот период, а како целина, меѓу огромната разновидност од виртуелните валути, владее инвестициски оптимизам.

Дигиталната предност „XMR“ на „Monero“ пак успеа да влезе во топ 10 по пазарна капитализација, откако само за недела цената му скокна од околу 90 долари до малку над 140 долари, достигнувајки вкупна вредност на нешто малку повеќе од 2 милијарди долари.

Лајткоинот исто ужива инвеститорски интерес, откако валутата успеа да ја премине границата од 60 долари за прв пат од своето основање во 2011-та година.

Во моментот на објавување на материјалот вкупната капитализација на пазарот на дигитални валути изнесува 161.1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП