4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung Electronics ќе инвестира 7 милијарди долари во бизнисот со чипови

Samsung Electronics ќе инвестира 7 милијарди долари во бизнисот со чипови

Јужнакорејската компанија „Samsung Electronics“ ќе инвестира 7 милијарди долари во текот на следните три години за да го прошири своето производство на мемориски чипови „NAND“ во градот Сиан во северозападна Кина.

Во документите доставени до регулаторите, „Samsung“ тврди дека веќе одобрил 2,3 милијарди долари од очекуваната инвестиција од 7 милијарди долари.

Во почетокот на јули, кога „Samsung Electronics“ објави инвестиции во вредност од 18,6 милијарди долари во Јужна Кореја, компанијата објави дека ќе додаде производствена линија на својата фабрика во Сиан, но не ја откри големината на инвестицијата.

Портпаролот на „Samsung Electronics“ одби да даде коментар за тоа колку ќе се зголеми капацитетот за производство поради планираната или одобрената инвестиција.

Компанијата генерира 38,3% од глобалниот приход од „NAND“ чиповите за меморија во периодот април-јуни, според податоците на истражувачката компанија „IHS“.

Кина се обидува да го наметне сопствениот бизнис со мемориски чип, но може да потрае неколку години пред да почнат да се натпреваруваат со постоечките компании, велат аналитичарите.

„Samsung Electronics“ соопшти дека „бумот“ со мемориски картики, што доведе до рекордна добивка во вториот квартал, најверојатно ќе продолжи во кварталот од јули до септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП