„Xiaomi“ го претстави моделот „Redmi Note 5A“. Уред кој не е толку лош според цената и ќе биде желба за корисниците кои сакаат евтини телефони.
Исто така смартфонот е атрактивен по изглед и во однос на техничките карактеристики.
„Redmi Note 5A“ доаѓа со 5,5-инчен „HD“ екран, 16 мегапикселна предна и 13 мегапикселна задна камера. Телефонот има скенер за отпечатоци од прсти на задниот панел и има капацитет на батерија од 3080 mAh.
Исто така е опремен со процесорот „Snapdragon 435“ (8 Cortex A53 јадра). Моделот доаѓа во 3 бои – златна, розево златна и сива боја.
Овој смартфон во верзијата со 2GB на RAM меморија ќе чини 89 евра, додека моделот со 3GB RAM и 32GB вградена меморија е 114 евра. Верзијата од 4 GB RAM и 64 GB вградена меморија чини 152 евра.
Продажбата и на трите модификации започнаа во Кина.
Димензиите на смартфонот се 153 х 76,2 х 7,7 мм, а тежината е 152 грама. Пријатен бонус е интерфејсот „MIUI 9“.