30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМејведер го совлада МекГрегор во десетата рунда со нокаут(видео)

Мејведер го совлада МекГрегор во десетата рунда со нокаут(видео)

Мечот на деценијата заврши со победа на Флојд Мејведер, кој со технички нокаут во десетата рунда го совлада ММА борецот Конор МекГрегор со што остана непобден и со скор од неверојатни 50-0 замина во пензија.

Ова беше прв бокс-меч за ММА шампионот МекГрегор кој се покажа како достоен противник. Иако првите четири рунди ги доминираше “Ноториус”, искуството и планот на Мејведер се покажаа како пресудни.

По шестата рунда, МекГрегор покажуваше знаци на умор и стануваше се побавен, а веќе во 10-тата судијата пресуди технички нок-даун и борбата беше завршена.

По борбата двајцата боксери спортски се поздравија и Флојд Мејведер даде големи комплименти за МекГрегор.

„Мекрегор беше цврст и издржлив и се покажа како многу подобар боксер од тоа што го очекував. Мислам дека на гледачите им го пруживме тоа што го очекуваа. Планот беше да го пуштам да се испука и знаев дека во финишот ќе му снема сила. Чекав, бев трпелив и тоа ми се исплатеше. Оваа победа ми беше многу важна и пресреќен сум што ја одбранив репутацијата на боксерскиот спорт. Пресреќен сум што влегов во друштво на Роки и што еден ден ќе бидам покрај него во Куќата на славните. Ова е моја последна борба“, изјави Мејведер по дуелот.

Главен проблем на Ирецот се покажа прилагодувањето на боксерските правила, поради што неговиот неконвенционален стил на борба на крајот се покажа како клучен за поразот. Мејведер пред крајот на десеттата рунда со серија удари го примора судијата да го прекине мечот со оглед на големата исцрпеност која можеше да се види на лицето на Мекгрегор, кој не беше во состојба да продолжи понатаму.

„Тоа беше само замор, можев да издржам до крајот. Ќе ми беше помило да ме нокаутираше како човек, а не да загубам вака со судиски прекин. Не знам дали пак би се пробал во боксот. Покажав колку сум добар, но се враќам на ММА борбите“, изјави Мекрегор по дуелот.

Овој меч „сврти“ најмалку 500 милиони долари поради што приходот на боксерите е енормен. Мејведер ќе заработи најмалку 100 милиони, а Мекрегор не помалку од 30 милиони долари што е многу повеќе од тоа што го има добиено во целата досегашна кариера во ММА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП