5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон нема да плати „ниту пени повеќе, ниту пени помалку“

Лондон нема да плати „ниту пени повеќе, ниту пени помалку“

Британија нема да плати „ниту пени повеќе, ниту пени помалку“ од она што владата го смета дека е нејзина правна обврска кон ЕУ како држава која го напушта блокот, изјави денес британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон.

Се очекува дека финансиското порамнување ќе биде едно од најтешките прашања во преговорите за раскинување на „бракот“ по повеќе од 40 години.

„Ми се чини дека некои од износите кои ги видов се прилично големи. Нормално, ние ќе ги исполниме нашите обврски. Но, нема да платиме ниту пени повеќе, ни помалку од она што сметаме дека се наши законски обврски“, нагласи Џонсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП