4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПромотивна понуда за мали и микро компании

Промотивна понуда за мали и микро компании

стопанска

Стопанска банка АД – Скопје ја збогати својата понуда на промотивни каматни стапки од 8% годишно за кредитна линија – револвинг и инвестициски кредити во МКД валута за кредитирање  на микро и мали компании. Промотивната каматна стапка е гарантирана за една година и понудата е валидна во зависност од приходите на правното лице.Промотивните каматни стапки важат за сите доставени и одобрени барања  во периодот од 15.05.2013 до 15.07.2013 година.

За сите дополнителни информации поврзани со производите, заинтересираните клиенти може да ги консултираат Советниците за мали бизниси и директорите во сите филијали на Банката.

Малите и микро компании се најбројни во секоја економија и претставуваат извор на идеи, прогресивност, претприемништво и развој на целокупната економија. Покрај тоа што нудат поддршка за големите компании со своите специјализирани услуги, овие компании воведуваат побрзо и полесно иновативни производи и услуги со кои што се задоволуваат разновидни потреби во општеството. Токму затоа, Стопанска банка АД – Скопје постојано работи на унапредувањето на финансиската поддршка што ја обезбедува за овие компании. Секако, Банката првенствено нуди советување во изработката на кредитната документација и успешното образложување на бизнис планот како и евалуација на квалитетот на проектот за кој се бара кредитот. Оваа помош е драгоцена за нашите клиенти кои најчесто управуваат со фамилијарен, мал бизнис во кој недостасува експертиза за управување на финансиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП