25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПет години затвор поради корупција за првиот човек на Самсунг

Пет години затвор поради корупција за првиот човек на Самсунг

Како што пренесува Би-би-си, судот во Сеул денеска го осуди првиот човек на јужнокорејскиот гигант „Самсунг“, Ли Џае Јонг, на пет години затвор за давање поткуп и за неколку други кривични дела поврзани со корупција.

Судскиот процес против Ли траеше неколку месеци и е дел од големиот корупциски скандал што предизвика смена на претходната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хие, која исто така е обвинета за корупција.

Судот не го прифати барањето на обвинителството, кое бараше затворска казна од 12 години затвор.

Ли е син на формалниот претседател на оваа голема и престижна компанија во Јужна Кореја и во светот и милијардер кој поради нарушено здравје се повлече од управувањето со фирмата.

Четириесет и деветгодишниот Ли Џае Јонг е прогласен за виновен затоа што ѝ давал поткуп на бившата претседателка во вредност од 41 милијарда долари за да ја обезбеди владината поддршка, со која „Самсунг“ требало да ја засили и онака силната позиција во јужнокрејската економија.

Пресудата против претседателот на компанија претставува удар врз угледот и престижот на „Самсунг“, посебно на меѓународниот пазар, па акциите на оваа компанија на берзата во Сеул денеска се намалени 11 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП