7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntesa Sanpaolo се шири на нов пазар

Intesa Sanpaolo се шири на нов пазар

Intesa Sanpaolo и акционерите на холдингот „Morval Vonwiller“ склучија договр за преземање на таа швајцарска групација, вклучувајќи ја и банката „Morval“.

Како што соопштија од банката „Intesa Sanpaolo“, договорот е во склад со стратешкиот план на оваа финансиска куќа за зајакнување на присуството на меѓународните пазари во областа на приватното банкарство.

„Присуството во Женева ќе и овозможи на Дивизијата за приватно банкарство на „Intesa Sanpaolo“, која во моментов работи во Лугано, Лондон и Луксембург, да се прошири и на тој пазар“, се наведува во соопштението.

Членовите на семејството Занон ди Валгиурата, кое ја основало групацијата „Morval“, и кои во моментов во нејзината управа ќе останат малцински акционери, и понатака ќе бидат вклучен во управувањето на бизнисот на групацијата.

Трансакцијата треба да ја одобрат релевантните регулаторни ограни, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП