5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензинот ЕУРОСУПЕР 98 поскапува за половина денар

Бензинот ЕУРОСУПЕР 98 поскапува за половина денар

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 се зголемува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и на еуродизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 64 денари за еден литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 денари за килограм и тој ќе се купува по цена од 23,993 денари за килограм.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП