2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовреден еден македонски државјанин во нападите во Барселона и е надвор од...

Повреден еден македонски државјанин во нападите во Барселона и е надвор од животна опасност

МНР извести дека во согласност со комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во Шпанија дошла до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во Барселона.

Лицето во моментот на извршување на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата. Лицето се наоѓа вон животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби.

Претставник од македонската амбасада во текот на ноќта се упати кон болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјани.

Последна вест според светските медиуми е дека двајца од терористите што извршија монструозен напад со комбе во Барселона се уапсени а еден загинал во престрелката со полицијата вечерва. Според последните податоци, усто така бројот на жртвите нараснал на дури осумдесет.

Терористичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот во Барселона. Според последните информации, во нападот загинаа најмалку 13 лица, а повеќе од 80 се повредени. Катастрофата се случи на централната градска улица Рамблас , откако комбе со голема брзина влета во толпата на преполниот плоштад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП