КОМПАНИИ

Најголемата пловечка соларна централа во светот проработи во Кина

Кинеската енергетска компанија „Sungrow Power Supply“ ја пушти во експлоатација најголемата пловечка соларна електрана во светот, објави „China Daily“.

40-мегаватната централа се наоѓа на територијата на град Хуаинан во источната покраина Анхуи.

Огромниот објект се состои од 120.000 панели и зазема водна површина со површина од 86 хектари.

Централата е со 25-годишен рок на експлоатација и може да снабдува со електрична енергија околу 15.000 домови годишно.

Лебдечкиот соларен парк има предноста што не зазема и без тоа оскудните соодветни терени во споредба со конвенционалниот.

Централата ќе се контролира со дронови. „Дроновете ќе патролираат и тие први ќе пристигнат на некое место за да направат слики“, објаснуваат од компанијата.