3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Calrsberg се зголеми во првото полугодие

Профитот на Calrsberg се зголеми во првото полугодие

Данскиот производител на пиво „Carlsberg“ забележа профит за првата половина од годината, која ги надмина прогнозите на аналитичарите, и покрај падот на продадените количини пиво. Последното се должи на фактот дека се повеќе корисници се насочуваат кон поскапите пива, а намалувањата на трошоците им овозможија на компанијата да инвестираат во својата стратегија да продаваат повеќе скапи пива, пренесува „Ројтерс“.

„Carlsberg“ го започна својот седумгодишен план „SAIl’22“ во 2015-та година, за да генерира органски раст на продажбата и да го зголеми профитот преку постигнување на рамнотежа помеѓу растот на обемот и најпрофитабилните производи.

„Нашите силни финансиски резултати ни помагаат да ги забрзаме инвестициите во приоритетите од „SAIL’22“ за да создадеме одржлив долгорочен раст на „Carlsberg Group““, коментира извршниот директор Сеес’т Харт во соопштението.

Ценовиот микс на групата се подобрил со 4%, охрабрена од Азија и Источна Европа во првите шест месеци од годината. Тоа помогна за зголемување на профитот за 2 процентни поени до 13%. Повисокиот ценовен микс сугерира дека компанијата има продадено повеќе поскапи пива.

Проблемот за „Carlsberg“ е рускиот пазар на пиво кој се намалил за 5% во првите шест месеци, засегнат од забраната за продажба на пиво во т.н. PET шишиња – популарни пластични шишиња од над 1,5 литри, како и од предизвиците поврзани со потрошувачките вкусови и студеното време, објави компанијата.

Добивката за половина од годината, а се исклучат некои елементи се зголемила за речиси 20 отсто на годишно ниво до 4,13 милијарди дански круни (652 милиони долари), над прогнозата за 3,92 милијарди круни на аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“.

„Carlsberg“ ја задржи прогнозата за 5-6% органски раст на оперативната добивка за 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП