17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Најсреќните земји во светот плаќаат и највисоки даноци

График на денот: Најсреќните земји во светот плаќаат и највисоки даноци

Најсреќните земји во светот во 2017-та година се просперитетните западни либерални демократии. Населенито во многу случаи се исклучително хомогени, но имаат и уште нешто заедничко: плаќаат високи даноци, коментира „CNBC Make It“.

Според последниот извештај „World Happiness Report“ на ОН десетте најсреќни земји во опаѓачки редослед се: Норвешка, Данска, Исланд, Швајцарија, Финска, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Шведска.

Еден од авторите на извештајот – Џефри Сакс, кој е и директор на „Sustainable Development Solutions Network“, вели за „CBS“ дека „среќата е резултат од создавањето на силни социјални основи“ и дека ако на другите земји им е приоритет „довербата на јавноста“ и „здравиот начин на живот “, тие исто така може да откријат дека граѓаните им се задоволни.

Трите најсреќни земји – Норвешка, Данска и Исланд – се меѓу земјите во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) со највисоки даноци од гледна точка на општите даночни приходи како процент од БДП. Социјалните бенефиции кои граѓаните ги добиваат во замена за плаќањето на даноци, на пример универзално здравство, пристапот до образование и платено породилно, веројатно се поврзани со „силните социјални основи“ за кои говори Сакс.

И навистина, задоволството на граѓаните е поврзано со она што го добиваат од даноците, вели Сакс за „CNBC Make It“: „Тие се среќни, бидејќи овие општества не само што просперираат, но и се со висок квалитет, јавна доверба и искреност од страна на владата. Тие уживаат во долго платено отсуство, нулта вонредни трошоци за здравство, нулта или ниски трошоци за образование и квалитетни јавни услуги за сите“.

Тој додава: „патем, тие мислат и за животната средина и настојуваат да се претворат во економии со нулта емисија“.

Кон 2014-та година, од гледна точна на вкупните даночни приходи како процент од БДП-то и мерката по глава на жител, Норвешка е на второ место меѓу 35-те земји на ОЕЦД (37.682 долари), Данска е на трето (30.630 долари), а Исланд на деветтото (20.428 долари), покажуваат податоците на организацијата.

Секоја земја од топ 10 на најсреќните земји платила даноци над просекот за 2014-та година (14.916 долари) освен една – Нов Зеланд, која е на малку под просекот (14.327 долари) и се доближува до САД (14.115 долари). Жителите на Нов Зеланд и покрај тоа се радуваат на заштитата на стабилна социјална држава, вклучувајќи го јавното здравство, 18-те недели платено породилно и помош за семејствата со средни и ниски приходи со мали деца.

САД се наоѓаат на 14-та позиција на среќа, значително под својот северен сосед – Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП