ЕКОНОМИЈА

Во јуни Македонија ја посетиле 84.778 туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2017 година изнесува 84 778, а бројот на ноќевањата изнесува 197 016. 

Бројот на туристите во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 18.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 14.6%.

Бројот на домашните туристи во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 4.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.0%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 8.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.2%.

Во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 11.4%, а кај странските има зголемување за 13.1%.

Во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.7%, а кај странските има зголемување за 14.3%.