26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиХ е земјата со највисока стапка на невработеност на Балканот

БиХ е земјата со највисока стапка на невработеност на Балканот

Словенија има најниско ниво на невработеност на Балканот од 7,8%, додека највисока стапка на невработеност е регистрирана во Босна и Херцеговина – 25,4%, соопшти агенцијата „Анадолија“.

Словенија е единствената земја во регионот која има помала невработеност од просечната во Европската унија, која е 8 отсто.

Според нивото на невработеноста Босна има полош пласман и од земјата во Европската унија – Грција, каде што невработеноста е 23,5%.

Според последните податоци стапката на невработеност во Хрватска е 10,8%. Во Србија невработеноста е 14,6%, а во Црна Гора – 17,4%. Во Македонија невработеноста е висока и изнесува 22,9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП