17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на хотелите во Грција се зголемиле за 20% во август

Цените на хотелите во Грција се зголемиле за 20% во август

Цените на хотелите во Грција во август пораснале за 20 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, покажа истражувањето за хотелските цени во Европа, цитирани од весникот, „Катимерини“.

Се проценува дека за последните години тоа е највисоко зголемување на цените на хотелите на популарни дестинации во Грција, што се должи на зголемената туристичка побарувачка.

Просечната цена за двокреветна соба во Грција во август изнесува 177 евра, со овој показател земјата е ставена на третата позиција меѓу другите 24 европски дестинации.

Најскапи се хотелските цени во Швајцарија – 193 евра, и во Данска – 188 евра. Шпанија е на петтата позиција по Грција со 151 евра.

На оваа листа Кипар е на 14-та позиција со 119 евра за двокреветна соба.

За Турција се тврди дека по превирањата земјата почнува повторно да се враќа на меѓународната туристичка сцена и дека таа ја предводи листата на пет држави со цени под сто евра за ноќевање.

Веднаш по неа е Полска – 71 евра, Романија и Бугарија – со 64 евра, и Русија – со 61 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП