2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSharp го претстави конкурентот на iPhone 8

Sharp го претстави конкурентот на iPhone 8

Како и што се очекуваше, компанијата „Sharp“ неодамна го претстави својот нов паметен телефон „Aquos S2“. Презентацијата се одржа настан во Пекинг. Компанијата претстави конкуренти на се уште неизлезените на пазарот „iPhone 8“ и „Essential Phone“.

„Sharp Aquos S2“ – тоа е паметен телефон со многу тенки рамки околу 5.5-инчен дисплеј. Во горниот дел може да се открие мал процеп за предната камера.

Телефонот на Енди Рубин – „Essential Phone“, изгледа токму на ист начин. Благодарение на огромната количина гласини нема сомнежи дека „iPhone 8“ ќе има слична визија.

Единствено што силно го одликува „Aquos S2“ – тоа е копчето „Home“ со вграден скенер за отпечатоци. Тој е лоциран под екранот во долниот дел на предниот панел на уредот.

Задниот дел на „Aquos S2“ силно наликува на визијата која ни ја создаваат неофицијалните слики на новиот „iPhone“. На задниот капак вертикално е сместена двојна камера и блиц. Освен логото, друго таму нема.

„Aquos S2“ работи со процесор „Qualcomm Snapdragon 630“ со 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија. Тоа е поприфатливата верзија. Таа ќе биде на пазарот уште на 14-ти август по цена од 372 долари.

Постои и втора верзија на смартфонот, овој пат со процесор „Snapdragon 660“ со 6 GB RAM меморија и 128 GB вградена меморија. Оваа верзија ќе чини 520 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП