Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,300.00 0.04%    GRNT 820.77 1.32%    KMB 5,051.35 0.95%    MPT 37,423.15 1.12%    MTUR 4,600.00 2.22%    OHB 6,426.63 -0.24%    OKTA 4,149.00 4.87%    POPK 14.00 0%    REPL 63,000.00 0%    RZLE 37.00 5.71%    RZLV 72.27 3.24%    RZUS 137.71 -0.25%    SBT 2,000.00 -4.25%    STB 951.72 0.07%    TEL 275.00 0%    TETE 2,224.70 -2.85%    TNB 13,774.92 1.56%    TTK 954.62 0.49%    UNI 2,556.67 0.56%    ZPKO 2,857.00 -0.03%    

„Coca-Cola Активна зона“ и за Гостиварци

Време: 13:15

Датум: август 11, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Гостивар од вчера стана дел од големиот проект на Coca-Cola и Пивара Скопје наречен „Coca-Cola Активни зони“. Во доцните попладневни часови, во присуство на голем број граѓани, спортисти, рекреативци, претставници од Пивара Скопје, како и градоначалникот на општина Гостивар, беше отворена „Coca-Cola Активната зона“ во Гостивар.

Гостивар е осмата општина по ред опфатена со овој проект и граѓаните од оваа општина им се придружуваат на граѓаните од општините Гази Баба во Скопје, Охрид, Струмица, Прилеп, Тетово, Куманово и Штип. Целта на компанијата Coca-Cola и Пивара Скопје, кои ги подаруваат Активните зони, е, пред сè, промоција на активниот начин на живот за сите граѓани и, воопшто, добробит за целата заедница.

„Чест и задоволство ми е што денеска во Гостивар ја продолжуваме нашата мисија за добросостојба на сите граѓани, промовирајќи го активниот животен стил и поттикнувајќи ја спортската култура. Нашата цел е преку „Coca-Cola Активната зона“ да ги поттикнеме на физичка активност сите жители на општина Гостивар, без разлика на нивната возраст, пол или физичка предиспозиција. Зоната ја поставуваме на достапна локација каде во следниот период во соработка со стручни спортски лица ангажирани од наша страна, ќе организираме низа спортски настани, со намера „Coca-Cola Активната зона“ во Гостивар да прерасне во место за инклузија на сите граѓани кои ќе можат непречено да го реализираат својот потенцијал, да се забавуваат и социјализираат.

Наша движечка сила и мотив да продолжиме со овој проект е што „Coca-Cola Активните зони“ уште од самиот почеток одлично се прифатени и посетени од сите граѓани, а секојдневно добиваме нови барања од граѓаните низ цела Македонија за донација на „Coca-Cola Активната зона“ и во нивната општина. И затоа нема да застанеме тука – Гостивар е осмата активна зона, трета годинава. Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola ќе продолжат со овој значаен проект сè додека не ја покриеме цела Македонија и одговориме на барањата на сите граѓани“, рече Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

„Coca-Cola Активните зони“ се реализираат со поддршка на локалната самоуправа, а истите се сочинети од 6 најсовремени професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, 24 часа на ден.

„Едно вакво спортско-рекреативно катче е навистина добредојдено во градот Гостивар и благодарен сум што Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola ја вклучија и нашата општина, бидејќи еден ваков проект долгорочно ќе влијае врз културата на живеење на сите граѓани. Жителите на Гостивар сега ќе имаат шанса бесплатно да практикуваат спорт и да се рекреираат, меѓутоа оние поупорните – да вежбаат и професионално, и навистина сум убеден дека овие фитнес-справи ќе бидат дополнителна мотивација за практикување редовна физичка активност. Би сакал само да упатам еден апел до моите сограѓани да ја чуваат оваа зона, да не ја уништуваат, да се грижат за неа и вистински да ја употребуваат“, изјави г. Невзат Бејта, градоначалник на Општина Гостивар.

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ ја опфаќа целата територија на Македонија и е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola за поттикнување на спортскиот дух и вложување во заедницата, преку која досега се реализирани и други успешни проекти, како Coca-Cola фудбалскиот куп, бесплатните паркиралишта за велосипеди итн.

 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Газпром го зголеми производството на гас за пет и пол месеци за 9,1%

    Газпром го зголеми производството на гас за пет и пол месеци за 9,1%

    Рускиот гасен гигант „Газпром“ од 1-ви јануари до 15-ти јуни оваа година го зголеми приносот на гас за 9,1 проценти во однос на истиот период…

  • Маск е убеден дека во неговата автомобилска компанија се наоѓа саботер

    Маск е убеден дека во неговата автомобилска компанија се наоѓа саботер

    Илон Маск тврди дека саботерот успеал да влезе во компјутерите со кои работат вработените и да украде „голем број на осетливи податоци“. Производителот на автомобили…

  • Најголемите брендови на часовници сега достапни онлајн и кај нас

    Најголемите брендови на часовници сега достапни онлајн и кај нас

    Навиките за онлајн купување последниов период добиваат сè поголема популарност помеѓу македонските потрошувачи. Имајќи ги предвид потребите на луѓето, брзиот начин на живот и заштедата…

  • Roche го купува остатокот од Foundation Medicine за 2,4 милијарди долари

    Roche го купува остатокот од Foundation Medicine за 2,4 милијарди долари

    Швајцарскиот производител на лекови „Roche Holding“ договорил купувањето на остатокот од „Foundation Medicine“ (FMI) по цена од 137 долари за акција, или вкупно 2,4 милијарди…

  • Битолско кисело млеко – омилениот вкус веќе 66 години

    Битолско кисело млеко – омилениот вкус веќе 66 години

    Наутро или навечер, како закуска или, пак, како додаток на омилените јадења, препознатливиот синоним за освежување, полн, автентичен вкус и полезност за организмот – Битолското…

  • “Google” против “Alibaba”: Американската компанија напаѓа на азискиот пазар

    “Google” против “Alibaba”: Американската компанија напаѓа на азискиот пазар

    Американската компанија “Google” ќе инвестира 550 милиони долари во “JD.com”, главниот ривал на кинеската “Alibaba”, бидејќи американскиот технолошки гигант сака да го зголеми своето присуство…

  • Amazon ќе вработи 1.000 нови лица во Ирска

    Amazon ќе вработи 1.000 нови лица во Ирска

    Американските компании се одговорни за 1 од 10 работни места во Ирска, соопшти „CNBC“. Втората по големина јавна компанија во Америка, „Amazon“, објави дека ќе…

  • „Еуроникел“ ќе го запознае градоначалникот на Кавадарци со планот за реорганизација на „Фени“

    „Еуроникел“ ќе го запознае градоначалникот на Кавадарци со планот за реорганизација на „Фени“

    ГСОЛ, заедно со своето претставништво „Еуроникел“, договара средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и советниците на Општина Кавадарци, на која ќе ги запознаат со…

  • Heineken ќе ги спасува британските пабови

    Heineken ќе ги спасува британските пабови

    Heineken – втората најголема пивара во светот, објави инвестициски план во вредност од 44 милиони фунти (50,2 милиони евра), кој има за цел да им…

  • “GUAPERIA” нова кампања за лето 2018(фото)

    “GUAPERIA” нова кампања за лето 2018(фото)

    Брендот Bitisiani објави нова, летна кампања во која се претставени најновите парчиња од колекцијата за лето 2018. Парчињата се наменети за момците кои се храбри…