30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХотели Метропол прокнижи загуба за првото полугодие од 2017 година

Хотели Метропол прокнижи загуба за првото полугодие од 2017 година

Хотели- Метропол А.Д. Охрид за периодот јануари- јуни 2017 година оствари негативен финансиски резултат искажани во неревидираниот биланс на успех.

Друштвото во првата половина на 2017 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештaи.

Приходите од работењето на Хотели- Метропол А.Д. Охрид за периодот јануари- јуни 2017 година изнесуваат 56.066 илјади денари и покажуваат зголемување од 29% во однос на приходите за овај период 2016 година. Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 55.445 илјади денари. Останатите приходи во износ од 621 илјади денари бележат пораст во однос на минатата година. Финансиските приходи бележат зголемување во однос на истите во првиот семестар од 2016.

Хотели- Метропол А.Д.Охрид во првиот семестар на 2017 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 2.139 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 55.219 илјади денари, бележат зголемување од 10% во однос на расходите за овај период во 2016 година. Најголемо учество во вкупните расходи со 42,8% имаат трошоците за вработените во износ од 23.654 илјади денари, кои бележат пораст од 9%. Трошоците за суровини и материјали во износ од 18.853 илјади денари имаат учество од околу 34,14% во вкупните расходи, односно се зголемени за 26% во однос на иститот период минатата година. Останатите трошоци бележат намалување во однос на истите од претходната година. Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите во претходната година.

Вкупните обврски по кредите на Хотели- Метропол А.Д. Охрид претставуваат 21,2% од капиталот и резервите.

Имајќи го во предвид сезонскиот карактер на работењето досегашната реализација на деловната 2017 година на Хотели- Метропол А.Д. Охрид е во рамките на планираните активности.

Во наредното тромесечие од 2017 год. Менаџментот на Друштвото ќе се залага да го задржи континуитетот на работењето и соодветно да се справи со ризиците кои ги носи деловното окружување со цел да ги исполни проектираните активности за деловната 2017.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП