28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТелефонија: драстичен пад на фиксната, минимален раст на мобилната

Телефонија: драстичен пад на фиксната, минимален раст на мобилната

Продолжува трендот на пад на телефонијата – и минатата година завршила со намалување на бројот на фиксни и мобилни и претплатници, како и намалување на вкупниот обем на сообраќај.

Мобилна телефонија: раст од 1.4% на сообраќајот, пад од 1.6% на претплатниците

Бројот на претплатници на мобилен телефон се намалил за 1.6% за една година. На крајот на 2016-та бил 2.050.494, а на крајот на 2015-та 2.083.583.

Во Македонија има речиси изедначен број на при пејд и пост пејд претпланици.

Од друга страна има благ раст на вкупниот обем на сообраќај, од 1.42%. Бројот на пратени СМС пораки, пак, се намалил за 5.33%.

Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) содржани во најновиот годишен извештај Македонски телеком и Оне.Вип имаат речиси изедначен удел на пазарот во однос на бројот на претпланици, 49.48% односно 49.36%. Виртуелниот оператор Лајкамобил држи1.16%.

Фиксна телефонија: пад од 22% на сообраќајот, пад од 0.7% на претплатниците

Македонците се помалку зборуваат на фиксен телефон. За една година вкупниот обем на сообраќај се намалил за дури 22.38%.

Се намалува и бројот на претплатници. Фиксните линии опаднале за 0.71% за една година. На крајот на 2015-та имало 371 илјади, а на крајот на 2016-та 368 илјади.

Според податоците на АЕК, речиси 59% од сите броеви се кај Македонски телеком. На второ место е Оне.Вип со удел од нешто над 29%. Останатите оператори заедно држат околу 10% од пазарот.

Над 8.000 поплаки до АЕК

Агенцијата за електронски комуникации во просек добива по повеќе од 8.000 поплаки за квалитетот или цените на услугите од операторите – високите сметки, пречекорениот мобилен интернет и разговорите во роаминг се најчести проблеми на граѓаните поради кои поднесуваат пријави до Контакт центарот на бесплатниот број 190.

Сепак, најголем дел од поплаките биле неосновани – од 8.410 повици колку што имало лани, постапка за спор е поведена за 982 од нив, но висок е процентот на затворени случаи (85%).

20% од поплаките се однесувале на разговорите во мобилната телефонија, 18% се споровите за интернет услугите во мобилната телефонија, а жалбите за роаминг сочинуваат 5,5% од вкупниот број на пријави.

Контакт центарот на АЕК функционира од мај 2010 година со цел обезбедување подобра комуникација за претплатниците на телекомуникациските услуги. На бројот 190 сите корисници на телекомуникациските услуги може да ги пријават евентуалните проблеми со доменот на електронските комуникации.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП