Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,300.00 0.04%    GRNT 820.77 1.32%    KMB 5,051.35 0.95%    MPT 37,423.15 1.12%    MTUR 4,600.00 2.22%    OHB 6,426.63 -0.24%    OKTA 4,149.00 4.87%    POPK 14.00 0%    REPL 63,000.00 0%    RZLE 37.00 5.71%    RZLV 72.27 3.24%    RZUS 137.71 -0.25%    SBT 2,000.00 -4.25%    STB 951.72 0.07%    TEL 275.00 0%    TETE 2,224.70 -2.85%    TNB 13,774.92 1.56%    TTK 954.62 0.49%    UNI 2,556.67 0.56%    ZPKO 2,857.00 -0.03%    

Amazon инвестира во компанијата за смартфони на креаторот на Android

Време: 14:42

Датум: август 10, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Alexa Fund“ на „Amazon“ и кинескиот гигант „Tencent“ инвестираа вкупно 300 милиони долари во „Essential“ – новата компанија за смартфони на креаторот на оперативниот систем „Android“, Енди Рубин.

Ова е втор пат, во кој „Amazon“ се обидува да влезе на пазарот на паметни телефони. Во 2014-та година беше претставен првиот паметен телефон на „Amazon“ кој се нарекуваше „Fire“, но целиот потфат не го оствари очекуваниот успех и наскоро стана голем неуспех за компанијата.

Енди Рубин е коосновач на „Android“, пред да го продаде на „Google“. Првиот смартфон под новиот бренд „Essential“ беше претставен во мај оваа година, а како што беше наведено требаше да се појави на пазарот во текот на месец јуни.

Тоа така и не се случи, а од „Essential“ не даваат дополнителни информации кога точно ќе го пуштат својот прв модел, освен тоа дека тој ќе се продава преку платформите на „Amazon“ и „Best Buy“.

Засега не е јасно зошто „Tencent“ и „Amazon“ инвестираат во „Essential“ која доживува тешки времиња, а уште пред дебито на својот прв производ компанијата беше напуштена од неколку раководни кадри. Најверојатно инвестицијата на „Amazon“ е со цел нивниот гласовен асистент да се продава со новите смартфони, на кои ќе биде пре-инсталиран.

„„Essential“ има целосна визија и искуство во однос на поврзаните уреди со кои ја интегрираат говорната технологија по нови начини“, велат од „Amazon“ за „CNBC“.

„Возбудени сме да ја видиме „Alexa“ како дел од таа визија, каде интеракцијата со технологијата е лесна, корисна и создава интерфејс, кој може да послужи на другите да ги надополни иновациите врз база на него. Гледаме напред што ќе излезе од оваа колаборација“, додаваат од компанијата.

Од „Tencent“ засега не одговориле на барањето за коментар на оваа тема.

Со овој потег „Amazon“ влегува на пазарот кој веќе одамна има свои лидери, во лицето на „Apple“ и „Samsung“. Со нивната конкуренција не може да се справат дури етаблирани брендови, како „LG“, „HTC“ и „Lenovo“.

Првиот смартфон на „Essential“ кој ќе го носи името на компанијата, ќе се нуди по цена од 699 долари.

Меѓу другите инвеститори во компанијата се „Redpoint“, „Playground“, „Access Technology Ventures“, „VY Capital“, „Altimeter Capital“ и „Foxconn“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Институтот Ifo остро ја намали прогнозата за раст на германската економија

    Институтот Ifo остро ја намали прогнозата за раст на германската економија

    Германскиот институт „Ifo“ е најновиот, кој ги намали драстично своите предвидувања за растот на најголемата европска економија во оваа и следната година, повикувајќи се на…

  • СП 2018: „Самураите“ со шок-терапија за Колумбија (видео)

    СП 2018: „Самураите“ со шок-терапија за Колумбија (видео)

    Јапонија имаше совршен старт на Светското првенство во Русија, откако со 2:1 ја совладаа фаворизираната Колумбија, која на стартот остана со играч помалку по бизарниот…

  • Google ја пушта својата услуга YouTube Music низ цела Европа

    Google ја пушта својата услуга YouTube Music низ цела Европа

    „Google“ објави дека од денес музичката стриминг услуга „YouTube Music“ е достапна во Европа, станувајќи директна конкуренција со услугите на „Spotify“, „Deezer“ и „Apple Music“.…

  • Газпром го зголеми производството на гас за пет и пол месеци за 9,1%

    Газпром го зголеми производството на гас за пет и пол месеци за 9,1%

    Рускиот гасен гигант „Газпром“ од 1-ви јануари до 15-ти јуни оваа година го зголеми приносот на гас за 9,1 проценти во однос на истиот период…

  • Почна фестивалот на комедијата „Гола месечина“

    Почна фестивалот на комедијата „Гола месечина“

    Со урнебесната повеќепати наградувана босанска претстава „Једваносимсобоакаломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, вчеравечер беше отворен меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“. Се работи за…

  • Маск е убеден дека во неговата автомобилска компанија се наоѓа саботер

    Маск е убеден дека во неговата автомобилска компанија се наоѓа саботер

    Илон Маск тврди дека саботерот успеал да влезе во компјутерите со кои работат вработените и да украде „голем број на осетливи податоци“. Производителот на автомобили…

  • Логистичките центри во Европа продолжуваат да растат

    Логистичките центри во Европа продолжуваат да растат

    Индустриските и логистичките имоти се европскиот најпродаван сектор за недвижнини во првиот квартал од 2018-та година, со раст од 21 отсто на 7,6 милијарди долари,…

  • BMW Series 8 Coupe од сите агли (видео)

    BMW Series 8 Coupe од сите агли (видео)

    Германскиот производител објави три видеа со детални снимки од своето ново луксузно купе. „BMW“ на средината на јуни претстави ново големо купе и така официјално…

  • Николовски: Со окрупнување на земјоделското земјиште до поконкурентно производство

    Николовски: Со окрупнување на земјоделското земјиште до поконкурентно производство

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ја отвори десеттата по ред интернационална работилница ЛЕНДНЕТ, која оваа година се фокусира на најдобрите легислативни…

  • Спектакуларен хотел во кој уживаа лидерите Трамп и Ким Јонг-ун (фото+видео)

    Спектакуларен хотел во кој уживаа лидерите Трамп и Ким Јонг-ун (фото+видео)

    Станува збор за хотелот „Capella“ сместен на островот Сентоса во Сингапур, долго се шпекулирало на прашањето за тоа каде ќе бидат сместени Трамп и Ким,…