Германскиот оператор за пренос на гас „Gascade Gastransport“ води преговори со инвеститори за да привлече средства за новиот гасовод кој ќе пренесува повеќе руски гас директно до Европа, соопштува „Bloomberg“.
„Gascade“ е во контакт со потенцијални партнери за 485-километарската германска гранка на „Северен поток 2“, изјави Татјана Бернер, портпарол на компанијата со седиште во Касел која е заедничка сопственост на рускиот „Газпром“ и германската „BASF“. Таа одбила да обезбеди информации за инвеститорите за проектот познат како „Eugal“.
„Gascade“ бара инвестиции во момент во кој американските санкции против Русија се закануваат на голем број енергетски проекти, вклучувајќи го и „Северен поток 2“ – гасоводот, кој ќе и овозможи на „Газпром“ да испорачува гас кон ЕУ по втор директен пат под Балтичкото Море до Германија. „Eugal“ кој започнува од балтичките брегови на Германија, е планиран да започне со работа во 2019-та година и главно ќе пренесува природен гас од „Северен поток 2“ до Полска и Чешка.
„Веројатно ќе имаше „војна“ од понуди, ако не постоеше политичка несигурност околу „Северен поток 2““, вели Валтер Болц, европски енергетски консултант и поранешен шеф на австрискиот енергетски регулатор „E-Control“. „Проектот е интересен за операторите на гасоводи, кои треба да работат со потоци од „Северен поток 2““.
„Gascade“ ќе остане единствен градител на проектот, чие создавање ќе чини помеѓу 1 и 3 милијарди евра, вели Бернер.
„Газпром“ и „Wintershall“ – енергетската поделба на „BASF“, не одговориле на барањата за коментар.
„Eugal“ ќе има годишен капацитет од 51 милијарди кубни метри, а „Северен поток 2“ ќе додаде 55 милијарди кубни метри годишно.
Германскиот енергетски регулатор „Bundesnetzagentur“ отфрлил проекти во план за развој на националната мрежа поврзани со „Северен поток 2“, додека гасоводот не ги добие сите национални одобренија.
„Eugal“ најверојатно ќе биде вклучен во следниот предлог за развој на германскиот гас во февруари 2018-та година, посочува здружението на германски оператори на гасоводен систем „FNB Gas“. Кога проектот биде одобрен од германскиот регулатор, сопствениците на гасоводот ќе можат да заработат дивиденди до 6,9% од капиталот, собирајќи такси за мрежата.