20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook пушта нова видео услуга

Facebook пушта нова видео услуга

Во средата „Facebook“ го направи најголемиот потег досега, во обид да се натпреварува на телевизискиот пазар, така што ги прошири своите видео предлози со програми кои се движат од професионална женска кошарка до сафари шоу и програма за родители, пренесува „Ројтерс“.

Услугата наречена „Watch“, првично ќе биде достапна за ограничена група на корисници во САД во мобилната апликација на „Facebook“, веб и телевизиски апликации, објави компанијата.

Најголемата социјална мрежа во светот додаде видео таб во минатата година и со месеци сугерира дека сака да стане извор на оригинална содржина и добро креирање видео, а не само на содржина, туку дело на корисниците.

Во мај „Ројтерс“ објави дека „Facebook“ има потпишано договори  насочени кон помладата публика и креатори на содржини „Vox Media“, „BuzzFeed“, „ATTN“, „Group Nine Media“ и други, за да создаде емисии, како такви по сценарио, така и други без.

„Дознавме дека на луѓето им се допаѓа да откријат видео во листата со вести, но исто така сакаат и посебно место кое го посетуваат, за да се види видеото“, коментира Даниел Данкор, продукт директор на „Facebook“.

Главниот извршен директор Марк Цукерберг коментира во публикација на „Facebook“ дека „Watch“ ќе им овозможи на корисниците да си „четуваат и да се дружат со луѓе за време на епизодите, како и да се приклучуваат кон групи со луѓе кои сакаат исти емисии“. Според него, целта е да се создаде заедница.

„Facebook“ објави дека емитувањата ќе вклучуваат видеа од Националната асоцијација за кошарка за жени, пренос за родители од „Time Inc“, сафари шоу од „National Geographic“. Facebook веќе пренесува спортски натпревари и тоа ќе продолжи, откри компанијата.

„ATTN“ во средата објави дека две оригинални емисии ќе се појават во „Facebook Watch“: програма за здравје со Џесика Алба и шоу за совети за врски.

Евентуалната платформата ќе биде отворена за секој творец на пренос, како и место за споделување на видеото, објави „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП