5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Алибаба“ продава гумени чамци за бегалци

„Алибаба“ продава гумени чамци за бегалци

Кинеската компанија „Алибаба“ на својата интернет-страница нуди продажба на гумени чамци за бегалци во момент кога ЕУ се обидува на сите начини да се избори со приливот на мигранти и да спречи шверц на луѓе преку Медитеранот.

Чамците се продаваат по цена од 800 до 1.100 долари, а се рекламираат како производ со висок квалитет. Долги се 9 и широки речиси 2 метра. Може да се порачаат во која било боја.

Стандардна опрема за чамците е пумпа, опрема за поправка, весла и седишта. Дополнителна опрема се појаси за спасување. Гаранцијата им е од три до пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП