6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот ги руши сите рекорди, вреди 3.400 долари

Биткоинот ги руши сите рекорди, вреди 3.400 долари

Виртуелната валута Биткоин достигна ново рекордно ниво од над 3.400 долари по силните осцилации во изминатиот месец, известуваат британските медиуми.

Виртуелната валута во понеделникот според ценовниот индекс „Coindesk Bitcoin“ чинеше 3.451,86 долари, пренесува „BBC“.

Изминатиот викенд таа го надмина нивото од 3.000 долари, со што пазарната вредност на постоечките Биткоини надмина 56 милијарди долари.

Токму во јули вредноста на Биткоинот значително осцилираше.

Во фокусот беше забавувањето на обработувањето на трансакциите, предизвикано од популарноста на финансиските технологии, па одредени корисници се пожалија дека во мај морале да чекаат потврда од три и повеќе денови.

Таксите исто така се зголемија, на дури пет долари во почетокот на јуни.

Во такви околности вредноста на Биткоинот на 16-ти јуни потона на 1.938,94 долари и ја зајакна поддршката на компромисниот план наречен „Segwit2x“.

Потоа во минатата недела група „инсајдери“ незадоволни од таа иницијатива предложи формирање на паралелна валута „Вitcoin cash“.

Инвеститорите понудија по еден жетон за секој Биткоин, сакајќи да привлечат што повеќе „рудари“ кои ќе ја осигуруваат потребната процесорска моќ за одобрување на трансакцијата.

Со тоа потенцијално ја загрозија изворната виртуелна валута, во случај премногу „рудари“ да се одлучат за „Вitcoin cash“.

Засега вадењето на „блокчејн“ на изворниот Биткоин се уште повеќе се исплати од вадењето на „блокчејнот“ на „Вitсoin cash“ и поддршката на новата единица е ограничена.

Новата валута највисоката вредност од 727,54 долари ја достигна на 2-ри август, за во меѓувреме да се намали под тоа ниво.

Вредноста на Биткоинот се зголеми повторно минатиот викенд, надминувајќи ја границата од 3.000 долари.

„Ова покажува дека Биткоинот е далеку поотпорен отколку што некои сметаа“, коментира советникот Мајкл Парсон.

„Се чини исто така дека има простор за повеќе видови на Биткоини“, додава тој.

Вкупната пазарна капитализација на сите крипто-валути, вклучувајќи ги и „Ethereum“ и „Litecoin“, вчера беше близу 118 милијарди долари, покажуваат податоците на „CoinMarketCap“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП