17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeidelbergCement со главоболки во Италија

HeidelbergCement со главоболки во Италија

Германската компанија за производство на цемент „HeidelbergCement AG“ се соочи со сериозни тешкотии во Италија.

Антикартелните органи и наметнале на купената во октомври сестринска фирма „Italcementi S.p.A.“ парична казна во износ од 84 милиони евра, изјави вториот по големина германски производител на градежни материјали. При прекршокот станува збор за наводна пазарна координација меѓу конкуренти на италијанскиот пазар на сив цемент и координирани надуени цени.

Обвиненијата се однесуваат на пазарното однесување од периодот меѓу јануари 2011-та и јануари 2016-та година, кога „Italcementi“ се уште не припаѓаше на „HeidelbergCement“.

„Italcementi“ ќе ја оспорува глобата пред судот, бидејќи компанијата смета дека обвинувањата се неосновани и таа не ги прекршила законите.

Во 2015-та година германската компанија плати 1,67 милијарди евра за 45% од уделите на италијанскиот конкурент. Во октомври „HeidelbergCement“ го купи и преостанатиот удел во трансакцијата која дополнително ја консолидира европската индустрија за производство на градежни материјали. На овој начин, германскиот концерн стана еден од најголемите светски производители на интегрирани градежни материјали со водечки пазарни позиции во областа на агрегатите, цементот и готовиот бетон. По стекнувањето на „Italcementi“ компанијата има околу 63.000 вработени на повеќе од 3.000 места во околу 60 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП