Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,012.39 -0.13%    CEVI 888.00 4.84%    GRNT 809.30 0.53%    KJUBI 1,550.00 0%    KMB 5,161.14 1.19%    KSPR 26.00 0%    MPOL 281.00 0%    MPT 43,499.91 0.25%    MTUR 4,600.88 -2.11%    OHB 6,300.00 3.28%    PPIV 45,508.14 3.17%    RMDEN08 96.50 0%    RMDEN17 96.00 0.05%    STIL 129.08 -0.26%    TEL 274.73 -0.82%    TNB 13,889.69 1.38%    TPLF 1,100.00 1.01%    TTK 999.00 0.63%    UNI 2,425.00 1.04%    USJE 22,662.00 3%    

Зголемени трошоци на живот – како да се протурка месецот?

Време: 14:31

Датум: август 7, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Статистиката измери годишен раст на трошоците на живот, но и на просечната плата. Сепак, процентите и бројките не можат да го дадат одговорот на прашањето со кое се соочуваат голем дел од Македонците – како да се издржи од први до први?

ДЗС: Зголемени трошоците за живот

Растат трошоците за живот. Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) во јули годинава во однос на истиот месец лани трошоците на живот биле поголеми за 1.2% а цените на мало за 2.9%.

Во овој период најмногу поскапеле комуникациите (9.5%), потоа цигарите и алкохолот (6.6%), рестораните и хотелите (4.3%), транспорт (1.9%), облека и обувки (0.8%). Намалување имало кај мебел и покуќнина (-1.0%), комуналии (-0.4%), образование (-0.3%).

ССМ: Намлена потрошувачката кошница

Државната статистика ги објавува трошоците на живот и цените на мало, но веќе со години не ја анализира потрошувачката кошница. Единствено Сојузот на синдикати (ССМ) прави вакви пресметки, но нередовно.

Последните податоци се за февруари годинава кога минималната кошница била „тешка“ 32.086 денари или 0.7% помалку во однос на февруари лани.

Најголем дел од парите според ССМ одат за храна и пијалаци, 13.120 денари или 40%, за домување се потребни 10.480 денари или 32%, за хигиена и превоз по околу 2.300 2. денари или по 7%, нешто помалку за облека и обувки, а за култура и здравје остануваат само 1.700 денари или околу 5%.

Зголемена просечната плата

Покрај зголемените трошоци на живот, статистичарите пресметале и зголемена просечна плата. Таа во мај годинава изнесувала 22.889 денари што е за 2.5% повеќе од истиот месец лани. И покрај ова просечната плата може да наполни само 71% од потрошувачката кошница.

Сепак, малкумина ја земаат просечната плата. Според анализите на Finance think дури две третини од работниците имаат примања пониски од просекот.

Апелираат да се направи нова стратегија со која ќе се подобри животниот стандард на граѓаните, но и ќе се продуцираат кадри со вештини од високо платените дејности.

„Треба да се размисли за модел на економски раст базиран на високоплатежни сектори како што се компјутерските дејности. Потребна е долгорочна стратегија и реформи, започнувајки од образовни програми. Македонија треба да продуцира кадри со вештини во тие сектори и дејности, а мерките за вработување да се насочат кон тие дејности“, велат од Finance Think.

Според податоците на Евростат во Европа најниска просечна плата се исплаќа во Украина, изнесува само 180 евра. Следат Молдавија со 230 евра, Белорусија со 349, Македонија со 380, Албанија со 397, Бугарија со 406, Србија со 432, Босна со 436, црна Гора со 508 евра.

Најдобро платени се работниците во Швајцарија, просечната месечна плата изнесува фантастични 5.020 евра! Во Норвешка просекот е 3.700, во Исланд 3.367, во Шведска и Данска по 3.100, а во Финска, Франција и Ирска по околу 2.500 евра.

Македонија меѓу најевтините земји во Европа?!

Македонија е меѓу десетте најевтини земји во светот. Така барем тврди анализата на американскиот магазин Time која прави споредба меѓу просечните цени и куповната моќ на населението.

Time ги споредува државите со трошоците во Њујорк, па така во Македонија куповната моќ е за 49% пониска, а од друга страна кириите се помали за дури 94%, продуктите за 73% а локалните добра и услуги за 69%.

Според оваа анализа десетте најевтини држави се Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија. Од регионот зад нас е Босна на 11-то место, па Србија на 18-то и Црна Гора на 26-то.

И истражувањето кое неодамна го објави GoBankingRates ја сместува Македонија меѓу најевтините земји. Според нивната анализа топ 10 најевтини се Македонија, Чешка, Парагвај, Оман, Замбија, Казахстан, Саудиска Арабија, Индија и Јужна Африка.

Од 20. до 11 место се наоѓаат во главно држави од нашето соседство: Бугарија, Грција, Србија, Малезија, Чиле, Молдавија, Пакистан, Колумбија, Полска и Босна и Херцеговина.

Критериумите кои ги земале во предвид се просечната плата, трошоците за сместување, цена на производи, ресторани и превоз.

Секој четврти Македонец сиромашен

И додека според меѓународните анализи Македонија е меѓу најевтините земји во светот, според домашната статистика секој четврти жител на земјава живее во сиромаштија.

Стапката на сиромаштија изнесувала 21.5% во 2015-та. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) во однос на 2014-та е намалена за 0.6, а во однос на 2013-та за 2.7 процентни поени.

445.000 Македонци живееле под прагот на сиромаштија кој за самечко домаќинство изнесува 78.000, а за четиричлено домаќинство 164.000 денари годишен приход.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Барањата при невработеност во САД изненадувачки се намалуваат

    Барањата при невработеност во САД изненадувачки се намалуваат

    Бројот на Американците, кои поднеле апликации за бенефиции при невработеност, неочекувано се намали, достигнувајќи најниско ниво по повеќе од 48 години во позадина затегнатиот пазар…

  • Николовски: Косово со зголемувањето на царината ги прекршува меѓународните договори

    Николовски: Косово со зголемувањето на царината ги прекршува меѓународните договори

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагира по одлуката на Косово за зголемување на царината на 30 отсто за одредени земјоделски производи. Од Министерството велат…

  • Сите трговски војни: на повидок третата македонско – косовска

    Сите трговски војни: на повидок третата македонско – косовска

    Македонија и Косово се на работ на третата трговска војна. Дали постои можност да се повтори ситуација од пред пет години кога Приштина целосно ги…

  • ЕУ се обидува да ја вклучи Кина во борбата против американскиот протекционизам

    ЕУ се обидува да ја вклучи Кина во борбата против американскиот протекционизам

    Европската унија врши притисок врз Кина за поголемо отворање на економијата на земјата, како и за активно учество во продолжувањето на меѓународниот трговски систем, загрозен…

  • МВР и РСБСП со летна кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    МВР и РСБСП со летна кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    Министерството за внатрешни работи во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска почна кампања „Летувај, не летај“ со цел поголема безбедност…

  • Од утре затворен сообраќајот од поранешната улица Владимир Комаров до крстосницата со „Ѓуро Ѓоновиќ“

    Од утре затворен сообраќајот од поранешната улица Владимир Комаров до крстосницата со „Ѓуро Ѓоновиќ“

    Град Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека oд утре до недела ќе биде затворен за сообраќај кракот од улицата 23 Октомври (поранешна „Владимир Комаров“)…

  • ССК: Правната сигурност неопходна за градежните инвеститорите

    ССК: Правната сигурност неопходна за градежните инвеститорите

    Да не се укинуваат веќе донесените детални урбанистички планови (ДУП), бидејќи на тој начин се доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите во градежниот сектор…

  • Грантови за брачни двојки кои ќе купат рурална куќа во Војводина

    Грантови за брачни двојки кои ќе купат рурална куќа во Војводина

    Брачните двојки од територијата на АП Војводина можат да аплицираат за грантови за купување рурална куќа со градина. Конкурсот е објавен и трае до 25…

  • НБРМ: Усогласување на статистиките со најновите европски стандарди

    НБРМ: Усогласување на статистиките со најновите европски стандарди

    Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека во текот на јули и август 2018 година, ќе објави податоци од монетарната статистика, статистиката на…

  • Јапонскиот извоз кон САД се намали за прв пат по 17 месеци

    Јапонскиот извоз кон САД се намали за прв пат по 17 месеци

    Извозот на Јапонија кон САД се намали за прв пат по 17 месеци, а расположението меѓу јапонскиот бизнис се влошува поради стравувањата околу протекционистичките трговски…