6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУлтиматум од регионот: Хрватска има една недела да ги повлече новите такси

Ултиматум од регионот: Хрватска има една недела да ги повлече новите такси

Министрите од регионот ги усогласија своите позиции за да се постави ултиматум на Хрватска од седум дена поради одлуката Загреб да ги зголеми даноците.

Загреб донесе одлука и нов правилник со кој се зголемија тарифите за фитосанитарна контрола за увоз на овошје и зеленчук.

Министрите беа едногласни дека Хрватска има седум дена да ја повлече мерката или во спротивно ќе добие воведување на контрамерки.

Во Сараево се одржа состанок на министрите за трговија и земјоделство на балканските држави, погодени  од хрватската одлука за новиот правилник, според кој, надоместок за секоја извршена проверка или контрола, и секоја поединечна врста на овошје и зеленчук изнесува 2.000 куни (270 евра), додека претходно беше 90 куни (12 евра).

Во пресрет на состанокот, српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ, кој ја предводи делегацијата на Србија, рече дека тие ќе излезат со предлог за укинување на мерките кои се во спротивност со Договорот за стабилизација и асоцијација, како и принципите на Светската трговска организација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП