4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрепораки за време на топлотниот бран

Препораки за време на топлотниот бран

Носење лесна, светла облека, пиење течности и вода најмалку два литра на ден, јадење повеќе овошје, зеленчук и свежа храна, намален интензитет на физички активности, се основните препораки за граѓаните во услови на енормно високите температури и т.н. пртоколалова фаза што ја зафати Македонија.

Според Министерството за здравство, треба да се избегнува директна изложеност на сонце и работа на отворено, особено од 11-17 часот.

На хронично болните им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем треба да го контактираат својот матичен лекар.

Министерство за труд и социјална политика со поддршка од Црвениот крст информира дека викендов ќе спроведува активности за згрижување на бездомните лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП