11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт забележа пад на чистата добивка со речиси 20% во првото полугодие

Роснефт забележа пад на чистата добивка со речиси 20% во првото полугодие

Нафтената компанија „Роснефт“ забележа пад на чистата добивка со 19,8 отсто во првото полугодие од 2017-та година до 81 милијарди рубљи (околу 1,34 милијарди долари.) Во однос на истиот период минатата година.

Приходите на концернот за истиот период се зголемиле за 23,2 отсто на годишна основа до 2,8 илјади милијарди рубљи.

Понискиот курс на доларот во однос на рубљата во првата половина на 2017-та година покажал притисок врз приходите на компанијата, пресметани во рубљи. Во доларски израз приходите биле 50,1 милијарди долари, што е скок со 48,7 проценти на годишна основа.

Зголемувањето на приходите се должи на растот во обемот на производството пласирано на пазарот и повисоките цени на нафтата, посочува компанијата во соопштението.

Капиталните расходи на „Роснефт“ во првото полугодие се зголемија за 32,1 отсто до 407 милијарди рубљи поради проширувањето на програмата за капитална изградба на клучни проекти и стекнување на нови средства.

Во извештајниот период компанијата го зголемила производството на нафта и кондензат со 11,4 отсто до 112,2 милиони тони. Меѓутоа, просечната дневна екстракција на течни јаглеводороди е намалена во вториот квартал за 1,2 отсто до 4,57 милиони барели дневно во позадина на ограничувањата наметнати на нафтените компании во договорот со „ОПЕК“ за намалување на производството.

Во април оваа година „Роснефт“ повторно и додели на венецуелската „Petróleos de Venezuela“ (PDVSA) аванс од над 1 милијарда долари, по договор за испорака на нафта. Во 2016-та година рускиот концерн веќе му спушти на јужноамерикански партнер аванс за вкупно 1,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП