5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Golf 8 - мек хибрид (фото)

Volkswagen Golf 8 – мек хибрид (фото)

Осмата генерација на „Volkswagen Golf“ ќе е најголемата револуција во 43-годишната историја на моделот, велат од „Auto Express“, откако ги објавија првите ексклузивни снимки од идниот автомобил. Се очекува следниот „Golf“ да дебитира официлано во 2019-та година.

„Осмицата“ ќе стане хибридна и ќе нуди доста помалку верзии од сегашната. Таа ќе се појави паралелно со „I.D.“ – првиот модел од новата целосно електрична палета на „VW“. Шефот на компанијата Херберт Дис сепак уверува во интервјуот за весникот дека „Golf“ ќе остане главниот фокус на „Volkswagen“.

„„Golf“ e приоритет, бидејќи следната генерација ќе е јадрото на нашата палета. Јавното внимание, печатот и нашите комуникации се концентрираат на електрични, бидејќи веруваме во нив. Но убеден сум дека „Golf“ ќе остане нашиот најважен производ“, објаснува Дис .

Осмата генерација ќе биде изградена на ажурирана верзија на модуларната платформа „MQB“ и ќе е во просек со 70 кг полесна од сегашниот автомобил. Како контури автомобилот нема да се промени особено, но светлата и решетки ќе станат различни. Во средината на задната врата ќе биде испишано името на моделот, како што е кај новиот „Arteon“.

Главно преуредување ќе претрпи ентериерот, како и повеќето копчиња кои ќе го отстапат местото на дигиталните дисплеи.

Ова ќе е и првиот „Golf“ со т.н. „мека хибридна технологија“, со 48-Volt електричен систем. „Меките хибриди ќе играат главна улога во следната генерација“, потврдува Дис. Основниот мотор во гамата ќе е 1.5-литарски 4-цилиндричен бензински, а досегашниот 1.6 дизел ќе биде заменет од нов, со работна зафатнина од 1,5 литри.

„GTI“ и „R“ верзиите ќе станат помоќни – односно 250 и 350 коњски сили. Ќе има и нова генерација на „плаг-ин“ хибридниот „GTE“, но во иднина нема да се нуди чисто електричниот „е-Golf“ – неговото место во палетата ќе биде зафатено од „I.D.“ – моделите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП