4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏевахир Скај Сити нуди единствени и несекојдневни услови на домување

Џевахир Скај Сити нуди единствени и несекојдневни услови на домување

Оние кои веќе имаат купено стан во кулата А, една од четирите колку што ќе ги има комплексот Џевахир скај сити, веќе знаат што значи живот во луксузен станбен простор. И не станува збор само за сопствениот домот, туку за објектот во целина – чисти пространи ходници, шест супербрзи лифтови со кои за помалку од минута се стига до 40. кат, рецепција, 24 часовно обезбедување, се само дел од квалитетот кој го добива секој станар во суперлуксузниот комплекс Џевахир скај сити.

Новите станари, иако другите кули се во изградба, тоа воопшто не го чувствуваат. Зашто, за разлика од многу други станбени објекти каде по вселувањето на станарите се потребни години за да се уреди околината, овде има широки, измиени и уредени улици, просторот е хортикултурно уреден, а зградата е надворешно осветлена, што овозможува станарите во целост да уживаат во својот нов станбен простор.

Задоволството на новите станари е видливо и по она што тие самите го постираат на социјалните мрежи претставувајќи го својот нов и модерен дом од каде низ широките прозорци се гледа панорамата и небото над Скопје. Новите станари од удобноста на своите домови ги имаат овековечено изгрејсонцето над главниот град, моментите кога се појавува виножито, грмотевици или Скопје во квечерина и ноќе кога свети.

Едноставно, таков поглед на главниот град нуди само Џевахир скај сити, комплекс кој по многу нешта ќе биде единствен. Оти, не само што тоа се највисоките згради во Македонија и во регионот, туку никаде на друго место не се добиваат такви услови на домување кои вклучуваат и затворен базен, теретана или детско катче кои ќе бидат достапни на станарите. А на тоа секако треба да се додаде и новиот трговски центар Џевахир мол Скопје кој ќе биде одличен простор за задоволување на дневната побарувачка на производи и услуги на жителите од комплексот, но ќе биде и еден од најпосакуваните трговски центри во градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП