2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank ги забележа најслабите квартални приходи од 2014-та

Commerzbank ги забележа најслабите квартални приходи од 2014-та

Германската банка „Commerzbank“ го забележа најслабиот квартал во однос на приходите од 2014-та година. Доверителот си отежнува да прави пари од новите клиенти во рамките на планот на главниот извршен директор Мартин Цилке со фокус на банкарство на мало и корпоративни клиенти.

Приходите на втората по големина германска банка се намалуваат со 7,7% до 2,07 милијарди евра. Ова е најниска вредност од последниот квартал од 2014-та година. Аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, очекуваа просек од 2,14 милијарди евра приходи.

Приходите се намалуваат, иако банката привлече над половина милион нови клиенти – индивидуални лица и компании, откако ја објави новата стратегија на крајот на септември минатата година.

„Напред сме, што се однесува до нашата цел за раст на клиентите, делумно затоа што сме инвестирале“, рече Цилке во соопштението. „Сепак ќе потрае ова зголемување на клиентите да се одрази во раст на приходите“, додава тој.

Акциите на „Commerzbank“ се едни од најпознатите вршења меѓу европските банки оваа година, бидејќи инвеститорите сметаа дека планот на Цилке може да биде дополнително поддржан кога каматата ќе почне да се зголемува. Минатиот месец „Cerberus Capital“ на Стивен Фајнберг откри дека има 5% од акциите во банката, правејќи ја компанијата вториот по големина акционер во „Commerzbank“ по германската влада. Во 2009-та година, германските власти ја спасија кредитната институција.

Планот на Цилке вклучува намалување на околу 9.600 работни места до 2020-та година, како и ограничување на трговијата, па да се ослободат средства за инвестиции во други сфери.

„Commerzbank“ потврди дека овие намалувања ќе чинат помалку отколку што беше предвидено, а во вториот квартал издвоени се средства за реструктуирање и изнесуваат 807 милиони евра и тоа треба да ги покрие сите поврзани трошоци. Прогнозите беа за трошоци од 1,1 милијарди евра. Така во вториот квартал се запишува нето загуба од 637 милиони евра во позадина на очекувањата за 547 милиони евра.

Оваа година акциите на „Commerzbank“ поскапеа за 55% и така германската банка се претстави најдобро во индексот „Bloomberg Europe 500 Banks and Financial Services Index“.

И покрај зголемениот број на клиенти приходите во единицата за банкарство на мало падна до 1,11 милијарди евра, што е најниска вредност од почетокот на 2015-та година.

Во сегментот за корпоративни клиенти приходите исто паѓаат до под 1 милијарди евра за првпат од барем 10 квартали. Единствената алка во овој сегмент со растот на приходите е тој за капиталните пазари и суровини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП