22 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТоплото лето во Европа и побарувачката во Азија го зголемија профитот на...

Топлото лето во Европа и побарувачката во Азија го зголемија профитот на Heineken

Вториот по големина производител на пиво во светот „Heineken“ забележа подобар од очекуваниот профит во првото полугодие благодарение на топлото лето во Европа и зголемената побарувачка на поскапи пива во Азија, соопшти „Bloomberg“.

Приспособениот оперативен профит е зголемен за 5,9% до 1,8 милијарди евра (2,12 милијарди долари), објави компанијата со седиште во Амстердам. За споредба, аналитичарите очекуваа добивка во износ од 1,75 милијарди евра.

„Со објавувањето на добрите резултати во првата половина од годината, регистрираме раст во обемот, приходите и оперативната добивка“, коментира извршниот директор на „Heineken“, Жан-Франсоа ван Боксмеер.

Според него резултатите во Европа се многу добри, инерцијата останува силна во Америка и азиско-пацифичкиот регион, а податоците во Африка и Блискиот Исток се подобруваат и покрај тешките пазарни услови.

Производителот на пивото „Tiger“ предвиде раст во Виетнам, кој е меѓу трите негови најголеми пазари заедно со Мексико и Нигерија.

Реализираните количини пиво растат со 2,6% на органска основа, во споредба со очекуваните 1,8%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП