7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСлабиот квартален извештај ги повлече надолу акциите на Starbucks

Слабиот квартален извештај ги повлече надолу акциите на Starbucks

Слабиот квартален извештај и вести за затворање на некои филијали се одразија негативно на цената на акциите на американскиот синџир на кафе – „Starbucks“.

Во третиот квартал на фискалната 2017-та година компанијата забележа приходи во износ од 5,7 милијарди долари, додека просечните очекувања на аналитичарите беа за 5,757 милијарди долари. Така приходите речиси се совпаднаа со предвидувањата. Пред една година тие изнесувале 5,238 милијарди долари, а сега запишуваат раст од над 8 отсто.

Истовремено компанијата oбјави пaд нa профитот oд 8,3% до 691,6 милиони дoлapи за тpитe мeceци дo крајот на јуни.

Главниот извршен директор на компанијата Кевин Џонсон, кој овој месец го замени Хауард Шулц, вети брзо враќање кон посилен раст. Притисокот за привлекување на нови клиенти кон филијалите е доста висок, откако во последните два квартали растот на приходите се намалуваа на половина.

Освен тоа „Starbucks“ најави дека ќе ги затвори своите продавници за чај под името „Teavana“. Сите 379 филијали ќе бидат затворени во текот на следната година, поголемиот дел уште во пролетта на 2018-та година. На засегнатите околу 3.300 вработени „Starbucks“ има намера да им понуди работа во други свои објекти.

Одлуката за затворање на бизнисот со продажба на чај, компанијата го оправдува со лошата продажба. Купената марка во 2012-та година за 620 милиони долари, „Teavana“, сепак ќе биде зачувана и ќе се нуди во филијалите на „Starbucks“.

Покрај тоа, компанијата соопшти дека ќе се здобијат со преостанатите 50% од своите продавници во Кина за 1,3 милијарди долари од својот партнер во заедничкото вложување. Тоа е и најголемото стекнување во корпоративната историја.

Концернот ветува да отвори во наредните 5 години нови 240.000 локации во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП