28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономиите на Франција и Шпанија со силно претставување во вториот квартал

Економиите на Франција и Шпанија со силно претставување во вториот квартал

Две од најголемите европски економии – Франција и Шпанија – покажаа сигнали за нова инерција во вториот квартал, соопштува „Bloomberg“.

Франција ужива најсилна конзистентна експанзија од 2011-та година, а растот се забрзува за 0,5% на квартална основа, охрабрена од извозот и инвестициите. Бизнис ставовите се подобрија по изборот на Емануел Макрон за претседател во мај. Макрон вети дека ќе ја направи француската економија поконкурентна.

Во Шпанија, четвртата по големина економија во еврозоната, БДП-то се зголемува со 0,9% во вториот квартал, што е најостриот раст од 2015-та година.

Австриската економија исто така расте со стапка од 0,9 отсто, што е нејзиното најдобро претставување од над шест години.

Податоците поддржат позитивната оценка на Европската централна банка (ЕЦБ) за економијата на еврозоната. Корисничката доверба и бизнис ставовите се подобруваат.

„Сегашната позитивна циклична динамика ги зголемува шансите за посилен од очекуваното економски подем“, рече претседателот на ЕЦБ, Марио Драги при последната седница на ЕЦБ на 20-ти јули.

Со позитивниот развој на економијата централните банкари се надеваат да ја поттикнат инфлацијата, што пак ќе овозможи намалување на невидените стимулации, применети во текот на последните три години. Инвеститорите го следат секој збор во изјавите на банката, за да откријат сигнали кога и со каков обем ќе се спроведе намалувањето. Според сегашниот план програмата за откуп на обврзници треба да заврши кон крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП