7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлиску е крајот на Libor

Блиску е крајот на Libor

Речиси 50-годишниот меѓубанкарски индекс „Libor“, кој во последните години стана симбол на корупција и манипулации, наскоро ќе остане во историјата.

Финансискиот регулатор на Велика Британија планира да го укине клучниот индикатор до 2021-ва година, откако стана јасно дека нема доволно значајни податоци за одржување на „бенчмаркот“, пренесува „Bloomberg“.

Крајот на меѓубанкарскиот индекс е добредојден во многу работи за регулаторите. Тој беше поврзан со некои од најголемите скандали во банкарскиот сектор, кои пак доведоа до околу 9 милијарди долари казни и отстранувањето на банкари за манипулирање со каматите.

„Libor“ се обидува премногу – да биде мерка за банкарскиот ризик и се обидува да ги замени пазарите на каматни стапки“, коментира шефот на британскиот регулатор Ендрју Бејли.

Индексот се пресметува врз основа на просечната вредност, при што 20 банки во светот позајмуваат пари меѓусебно во пет различни валути и за седум различни рокови. Податоците се доставуваат од кредиторите секое утро.

Поради скандалите за манипулации на начинот на пресметување на индексот, веќе беше разгледан, така што „бенчмаркот“  се базира целосно на трансакциите.

Бејли посочува дека пазарот кој го поддржува „Libor“, веќе не е „доволно активен“, за да дефинира сигурен индекс, поради што треба да се најде алтернатива. За една валута и еден период на кредитирање на пример во 2016-та година имало само 15 договори, дава пример тој.

Барањето на нов „бенчмарк“ може да доведе до затегнување на “swap” пазарите, пониски камати и повеќе пари за правниците поради препишување и прилагодувањето на договорите во отстранување на „Libor“, забележува новинската агенција.

Редица други групи одамна размислуваат за замена на „Libor“. Гувернерот на централната банка на Велика Британија, Марк Карни исто коментираше неодамна дека индексот веќе не е соодветен.

Се засилуваат и стравувањата во еврозоната за индексот „Euribor“. Европската централна банка (ЕЦБ), исто така призна недостатоци на механизмот за пресметување, но сака финансиската индустрија да ја преземе водечката улога во пронаоѓањето на решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП